Економијата е наш врвен приоритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено утринава. Во него наведуваат дека имаат стратегија и програма за обнова на Македонија, со проекти и решенија за секој.

Економијата е наш врвен приоритет. Планирано е воведување на рамен данок на доход и добивка од 8%. Со ова ќе им ги намалиме трошоците и на фирмите и на граѓаните. Ќе им овозможиме подобра бизнис клима, со цел отворање на поголем број на работни места, стои во соопштението.

Од партијата додаваат дека наместо за данок, фирмите ќе можат средствата кои ќе ги заштедат од предвиденото намалување да го реинвестираат во производствениот процес, во насока на модернизација на работните услови.

Ќе има повеќе за работниците. 25% покачување на платите во еден мандат од 4 години. Дополнително се обврзуваме на целосна царинска гилотиња, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис и во која секој граѓанин ќе може да успее.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.