Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа изјави дека повратот на ДДВ кој го ветува Зоран Заев ќе биде уште една лага на власта. Тој најави, како што вели, многу подобро решение, кое ќе го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од оваа политичка патија ќе предложат намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти за дел од производите и од 5 на 4 на останатите. На овој начин граѓаните ќе ја заштедат сумата од 500-тини евра на годишно ниво која ја ветуваше Заев.
-Тоа е уште една лага. Зошто, еве јас ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи закон во рамките на Собранието за намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти на некои производи и од 5 на 4 проценти. Тоа од прилика е подеднакво колку што тој ветуваше дека ќе им врати на граѓаните. Зошто ние најпрвин да им ги земеме парите, па да вадат картички, па да чуваат фискални сметки, па редици, па УЈП имало систем немало систем. Сето тоа да го заборавиме не ни треба. Само да ги намалиме даночните стапки од 18 на 15 и од 5 на 4 проценти. Еве само ова треба да го направиме и сето ова да видиме дали било со чесна намера. Не ни треба ова другото ништо, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.