Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција ја запознаа јавноста со неколку економски индикатори кои, како што велат, укажуваат на сознанието дека доколку во претстојниот период продолжи да отсуствува еден таргетиран, брз и ефикасен системски одговор тогаш нашата држава ќе се соочи со невидена економска криза, како последица на корона-кризата.

Пратеникот во Собранието, Тимчо Муцунски наведе дека од почетокот на пандемијата скоро 40.000 наши сограѓани ги имаат изгубено своите работни места – далеку повеќе од најлошо предвидените сценарија на старо-новата коалициона Влада на СДСМ и ДУИ.

  1. Индустриското производство во јули 2020 година споредено со јули 2019 е паднато за 9.5%; Дополнително на тоа и бројот на вработени во индустријата е намален за 6.2%.
  2. Продолжуваат исклучително слабите резултатот во сегментит на привлекувањето на Странски директни инвестиции. Доказ за тоа е податокот дека во вториот квартал од 2020 година имаме нето одлив на странски директни инвестиции од 9.3 милиони евра. Посебно загрижува и податокот дека не се отвараат нови работни места, додека досегашните инвеститори го изнесуваат нивниот капитал и профит надвор од Македонија, да напоменам дека оваа Влада нема министер за привлекување на странски инвестиции.
  3. Од јануари до август оваа година буџетскиот дефицит е 570 милиони евра.
  4. Како во претходниот период така и понатаму продолжува слабиот тренд на реализација на капитални инвестиции, а доказ за тоа се реализираните само 8 милиони евра во месец август оваа година.
  5. Во период кога Македонија се наоѓа на црвена здравствена листа и затворени граници, продолжува падот на прилив во буџетот. Буџетскиот прилив во месец август е за 20% помал од претходниот месец јули. Од тоа произлегува и заклучокот дека нашите граѓани без оглед што се наоѓаат во земјата, вклучувајќи го и користењето на нивните годишни одмори во домашните туристички капацитети сепак трошат помалку од претходно.
  6. Во време кога сите влади ја намалуваат или задржуваат цената на струјата на исто ниво и непосредно им помагаат на нивните граѓани кај нас таа се зголемува со што се нанесува сериозен удар врз нискиот стандард на граѓаните, посочи Муцунски.

Сето ова, додава тој, е резултат на нестручниот, неаналитички, неефикасен и ненавремен пристап во решавањето на сериозните економски тешкотии и неадекватната владина помош за најтешко погодените сектори и дејностикои доживеаа сериозни и непоправливи штети, кои во голем дел го доведоа во ризик и нивниот опстанок.

Со оглед дека отсуствува јасна владина стратегија за излез од кризата во следниот период изразуваме јасна и целосна подготвеност за вршење на интензивни и непосредни консултации со претставниците на деловната и академската заедница. Истовремено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има намера да предложи поголем број на конкретни креативни мерки и политики, со крајна цел да помогнеме во процесот на интензивирање на севкупниот процес на развој на македонската економија. Крајно време е да се започне со креирање на реална економска политика и постигнување на позитивни резултати, што ќе бидат во интерес на нашите граѓани, нивната благосостојба и просперитетот на Македонија, порача Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.