И германските стопанственици загрижени за состојбата со недостаток на струја во Македонија, Заев ја донесе државата во неизвесност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека и директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Патрик Мартенс, предупреди дека земјава троши двојно повеќе струја од што произведува, и државата се носи во нестабилност.
Заев наместо да се насочи на инвестиции во енергетиката во изминативе години се насочи на тендерите во РЕК.
Наместо да се инвестира во нови машини и механизација за РЕК, струмички камиони вртеа во комбинатот, а фирми блиски до Вице земаа тендери.
Во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е неспремно, а хидроакумулациите се празни.
Заев не знае како да ја реши кризата. Со Заев тонеме – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.