ВМРО-ДПМНЕ осудува партиски реваншизам спроведуван од власта. Во однос на најновите пишувања на партиски реваншизам во македонски Телеком од партијата го истакнуваат следното:
Oсудувамe секаков случај на реваншизам на партиска основа потикнуван и спроведуван од власта предводена на Зоран Заев. Таквата политика на поделби, сегрегација го нарушува човечкото достоинство и создава внатрешни конфликти. ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека партискиот реваншизам е во целосно спротивност со европските критериуми и преставува загрозување на принципите на професионалност во работењето на било кој субјект и е загрозување на европската иднина на државата. Воедно дополнителната политизација и реваншизам се користи како димна завеса да се порикријат други сомнителни активности кои говорат за нетранспарентно и незаконито работење на институциите на власта. На крајот, прашање е на време кога ќе следи одговорност за кршење на процедурите и правилата и повреда на работните и основни човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.