Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека за само една година над 60.000 македонски граѓани за една година останаа без работа, илјадници се со намалени плати, додека 5.600 фирми се затворени поради криминалните и корумпирани политики на СДСМ и Заев.

Време е во СДСМ да ги симнат розовите очила и да согледаат дека граѓаните во Македонија не живеат во бајка, туку во сиромаштија.

 

Четвртина население, односно половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и едвај имаат еден оброк дневно.

 

Јавниот долг во овие 4 години е зголемен речиси двојно, односно има нов долг од скоро 3 милијарди евра, а во исто време тие пари се испарени на приватни сметки, затоа што во државата ништо не е изградено.

 

Дека нема ништо изградено потврдува и фактот што секоја година капиталните инвестиции се на минимум, па така и оваа година во која за само 7 месеци реализирани се едвај 30%.

 

СДСМ нема изградено нови патишта, се е во застој, нема нови болници кои беа ветувани, нема нови училишта, нема ништо, но има задолжувања кои никој не знае каде завршуваат.

 

Катастрофата на СДСМ ја потврди и „Стардард и Пурс“ кој ја опиша земјата под поимот ѓубре.

 

Време е за промени. Време е народот да почне да живее подобро, а криминалците да одговараат. Време е за Македонија за сите луѓе – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.