Или Царина да одговори дали проверува квалитет на мазут во тегли со ајвар или омилениот бизнисмен на власта Стајиќ чија сестра ги контролира царинарските служби повторно ја манипулира јавноста, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата се пофали дека Царината вратила 5 цистерни со мазут, поради повисок процент со вода. Според информациите на медиумите сите 5 цистерни се на фирмата Супертрејд на Владимир Стајиќ, чија сестра е државен секретар во министерството за финансии. Царина и Стајиќ да не ја лажат јавноста и да излезат со вистината. Според медиумите фирмата на Стајиќ е и еден од најголемите добавувачи на мазут и горива на државни институции во Македонија. Од десетте најголеми тендери за набавка на мазут во последниве три години, четири ги добила токму „Супертрејд“. Тоа се јавни набавки чија поединечна вредност достигнува и до 200 000 евра, а купувачи се болници и училишта, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Дали Стајиќ ги труел граѓаните и продавал неквалитетен мазут на државните установи, кои плаќање стотици илјади евра? Дали неговите врски со власта се клучни за добувањето на големиот број на тендери?

Колку пари легнувале на сметки на приватни фирми за неквалитетен мазут, и кој ќе понесе одговорност. Колку неквалитетен мазут е увезен во Македонија и зошто власта го дозволила тоа? 4 години СДСМ, 4 години граѓаните и животната средина страдаа. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, посочуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.