Поради експлозија на енергетски трансформатор на еден од блоковите во РЕК Битола вечерва се случил пожар во рударско-енергетскиот комбинат. Двата блока се надвор од погон, поради настанатата експлозија на трансформаторот.

Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ со жалење констатираат дека неработењето, криминалот и нестручноста на СДСМ доведоа до уште една катастрофа во македонскиот гигант, РЕК Битола, кој едвај се држи на нозе.

Дали после болницата во Тетово, неспособната власт на СДС ќе го пеплоса и уништи и РЕК Битола, прашува опозицискат партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.