Економијата е на дното. Фирмите уплатиле 1/3 помалку данок на добивка во вториот квартал 2019, во однос на истиот квартал лани. Економијата тоне, а се помалку пари има кај граѓаните и бизнисмените – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат дека бизнисот е закован на дното. Покрај од лошите економски политики, стопанството страда и од рекетот кој го врши власта на чело со Заев.
Не може да има раст, кога Криминалниот октопод на власта, на чие чело е Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран. Нема граѓанин кој не е понижен – стои во соопштението.
И додека економијата страда, граѓаните се во постојан грч, додаваат тие и велат дека од затвор се пуштаат убијци и тешки криминалци, а во затвор завршуваат граѓани за сторен прекршок кога немаат пари да си ја платат казната.
Владата на Зоран Заев донесе само понижување, немаштија и неработа. Зоран Заев заедно со целата влада треба да си одат од власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.