Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, пред два месеци тврдеше дека струјата нема да поскапи, а сега носи одлука за покачување од 1 јануари.
На почетокот на октомври Бислимовски тврдеше дека нема причини за поскапување на струјата и дека таа нема да поскапи.
Сега два месеци откако тврдеше дека нема да ја покачи цената на струјата, носи одлука за покачување.
Бислимовски само ги лажеше граѓаните пред изборите дека струјата нема да ја покачи, за веднаш потоа да одобри покачување.
Бислимовски се стави во улога на партиски послушник на Заеви.
Бислимовски тврдеше и дека нема да се укине ефтината тарифа.
Се што кажа Бислимовски излажа. Граѓаните од утре ќе ја плаќаат неспособноста на Бислимовски и власта – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.