Зоран Заев и понатаму се обидува да распродаде се’ што е профитабилно во здравството. Ги извртува информациите објавени во медиумите во Албанија, дека се сретнал со контроверзниот бизнисмен Али Гафур од Либија.

Албанските медиуми објавија дека Заев остварувал тајни средби со контроверзен бизнисмен, со цел да му понуди продажба на дел од здравствениот систем во Македонија, а за тоа да му бидат платени милиони евра народни пари. Медиумите во Албанија се јасни, но Заев е конфузен.рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРОДПМНЕ.

„Граѓаните се сеќаваат дека Заев и Филипче не така одамна говореа за еден вид на распродажба на јавното здравство и истото го претставуваа како јавно приватно партнерство. Сакаа да ја приватизираат Итната медицинска помош, лабораториите, ин витро процедурата, Јавните здравствени установи и се’ друго што може да биде профитабилно од здравствениот систем. Како јавно приватно партнерство ја претставуваа и детската кардиохирургија, но проектот се покажа како неуспешен. И се’ што сакаа да продадат од здравството, го нарекуваа јавно приватно партнерство. Заев, наместо да лаже, треба да одговори која била темата на разговор со контроверзниот бизнисмен Али Гафур кој е под истрага за перење пари и корупција во Малта,додаде Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.