Криминална власт на СДСМ и аболираниот Зоран Заев системски ја уништија македонската економија. Аболираниот Заев за себе и картелот кој што го води го проектираше најголемиот буџет во историјата на Република Македонија. Тоа значи масовно ограбување на граѓаните преку повисоки даноци и казни за да се богатат Заев и картелот околу него – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ.

СДСМ на прес-конференција се пофали со раст на БДП, повисоки плати и пониска невработеност. Од ВМРО-ДПМНЕ велат:

Поради лошите економски услови, дури 77% од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажуваат најновите истражувања. Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија оди во чекор со Афричките држави. Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри. СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.