Владата предводена од СДСМ на големо го најавуваа проектот „Викенд без ДДВ“, но сега испадна сосема спротивното. Наместо за крајот на август – почетокот на септември во кој се најавуваа четери викенди без ДДВ, денеска премиерот Заев најави само еден викенд во октомври и тоа со ограничувања.
Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500.000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври, ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ опрема до најмногу 30.000 денари по поединец и во рок од само некоку дена ќе го добијат назад целиот ДДВ, 100 проценти, изјави Заев.
На ова денеска, на прес-конференција, реагираше лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој рече дека сега повторно се лажат граѓаните, наместо најавените четири викенди без ДДВ сега се најавува еден викенд и тоа со ограничување.
Септември помина за кога ги ветуваа четирите викенди без ДДВ, а денеска гледаме како на лажичка им се ветува на граѓаните дека само 1 наместо 4 викенди ќе се купува без ДДВ и тоа празничниот викенд. И нема да биде без ограничување како што ветуваа, ниту пак со намалени цени. Ќе има ограничување до 30.000 денари, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.