По низата скандали со партиски вработувања во државни институции и фирми, министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски вели дека ќе ставел крај на партизацијата во администрацијата. Првиот чекор бил законот за избор на раководни позиции. Но, на државава, барем според забелешките на меѓународните институции, имплементацијата на законските решенија не ѝ е силна страна.

Власта од една страна најавува расчистување со спорните вработувања а од друга продолжува со ваквата пракса. Последен е примерот со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми која ангажираше нови кадри откако беа распишани изборите. Министерот само го осуди случајот за кој веќе постапува и Антикорупциската комисија.

Минатата година АЛфа објави дека списоци се правеле на седници на општинската организација на СДСМ на Кисела Вода во февруари, март, април и јуни. Тогаш новинари на Алфа се претставија како да се јавуваат од централата на владеачката партија и разговарале со еден од вработените кој потврди дека е задоволен од она што го обезбедила партијата за него иако се пожали на висината на платата.

-Тука сум во комунална инспекција, задоволен сум, само платата не е висока, вели вработен, член на СДСМ.

Зошто партиските вработувања требаше да бидат, но не се минато, како што постојано ветуваат од сегашната власт, не е познато.

Извор: Алфа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.