Еден од главните проблемите со кои се соочуваат граѓаните во државата е проблемот со откупот на тутунот. Тие секојдневно го искажуваат своето незадоволство но властите очигледно дека не им е важно и немаат слух за овој проблем.
Неколку пати тутунопроизводителите излегуваа на протести каде го изразуваа своето незадоволство, но и понатаму не е постигнато нешто кое ја подобри нивната состојба.
ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира да се најде решение за овој проблем, но власта не беше заинтерсирана. Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара да се разгледа точката за Информацијата на тутунот од реколтата 2020-2021 години, но СДСМ тоа не го прифати. Со ова пратениците од владејачкото мнозинство уште еднаш докажаа дека не ги браната интересите на граѓаните туку ги исполнуваат партиските наредби од страна на Зоран Заев.
Токму СДСМ и Зоран Заев ветуваа и сеуште ветуваат висока, сигурна и загарантирана цена на откуп на тутунот, но повторно по којзнае кој пат, бесрамно лажат и си поигруваат со тутунарите. Имено, состојбата со откупот на тутунот во моментов е крајно драматична и срамна. Откупот е во хаос, а тутунарите се принудени да го даваат својот тутун за рекордно најниската откупна цена по 2005тата година. Откупната цена во моментов буквално е најниската цена за откуп на тутун во последните 15 години. Срамно, жално и безобразно, беше посочено во прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
По сето ова повеќе од јасно е дека власта не нуди никакви конкретни решенија за тутунопрозиводителите, туку само привидно и површно покажува дека нешто работи и сака да помогне и понатаму продолжува да се изживува со вредните раце на тутунарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.