Не може да се грижите за Македонија, ако не се грижите за македонските граѓани. Ако македонските граѓани ви кажат НЕ на промена на име, вие треба да се поклоните и да речете ова го почитувам и не го менувам името, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, и додаде:

Се спротивно од тоа што го правите во низа 4 години од максимално опустошување на граѓаните и на државата, од распродавање на идентитет и јазик, до распродавање на сите богатства кои што ги имате, и до понижување максимално на македонскиот човек, македонскиот граѓанин. Внимавајте да се задолжите повеќе од милијарда ипол евра, тоа значи дека не следните генерации, нашите деца, не нашите внуци, туку нашите правнуци ќе ги плаќаат долговите на поткупот и на мафијашкото однесување денеска.

Андоновски е дециден дека законите во Реублика Македонија не важат подеднакво за сите граѓани, посочувајќи го примерот кога новиот градоначалник на Штип славеше доцна до полноќ за време на предвремените локални избори во Штип, додека пак останатите угостители мора да го почитуваат новото работно место до 18 часот.

Се покажа во Македонија дека најмногу страдаат луѓето кои што ги почитуваат законите. За угостителите кои што работат по закон важи законот и мора да затворат во 18 часот.за пријателите на новиот градоначалник во Штип, кафаната нивна може да работи и до 23 часот и до полноќ. Нема никаква одговорност. Инспекциските служби кои што ги спомнавте, до кои што ние се обративме реагираат дека тие не постапуваат ако видат слика, туку дека треба да излезат да бидат таму на терен. А таму на терен не смеат да бидат затоа што таму се пријателите на власта, рече Андновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.