Владо Мисајловски не може да избере кој е најголем скандал на власта, бидејќи како што вели ова е скандалозна влада.
Секој ден или е гаф или е скандал.На докторите им е забрането да патуваат а владата си шета по светот. Дневно излегуваат скандали за корупција и никој нема да одговара. Самата влада е скандал. Ова е коруптивно клептоманска влада.Тие гледаат можност за провизија од секој тендер.Затоа е потребно граѓаните да излезат на изборите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да ги промени овие работи бидејќи сме најголемата партија-вели Мисајловски за „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.