Во време на пандемија нереално е да се очекува да се задржи истата цена на грозјето, ниту да се очекува откуп на неквалитетно грозје, се вели во соопштението на винаријата Тиквеш, по реакциите за откупната цена на грозје на лозарите.
Преку соопштението од винаријата ја појаснуваат неажурноста и незаинтересираноста на владата да го реши проблемот со грозјето.
Кризата од Ковид-19 има предизвикано 80% загуба во продажбата на вино на домашниот пазар во месеците кога имаше вештачко затварање на пазарот. А, по повторното делумно отворање на пазарот, загубите изнесуваат 20% во волумен и 30% во вредност. Винариите од Македонија се соочија и со 40% намалување на цените на виното на главните извозни пазари, велат од Тиквеш.
Оттаму додаваат дека повеќе од 60 милиони литри има залихи на вино во македонските винарници. Тиквеш бележи зголемување на залихите од вино за 60%, заради падот на побарувачката и прометот на домашниот пазар и падот на цените на главните извозни пазари.
Винариите од Тиквешкиот регион се разочарани од игноратскиот однос на владата за проблемот со откупот на грозјето изминатиот период. Па повеќето средби кои ги имале заедно со Владата, им биле соопштени проблемите со кои ќе се соочат, но од страна на власта немало слух за реалната состојба.
Во периодот од мај до јули 2020 година инициравме повеќе средби со претставници на надлежните институции на кои беше презентиран конкретен сет мерки кои ќе значат ВИСТИНСКИ спас за сите засегнати страни. Конкретно, средби со министерот за земјоделство и во Владата беа одржани на 20. мај, 2. јуни, 6. јуни и 9. јуни, на кои ги разгледавме предложените мерки од наша страна за спас на винската индустрија од целосен колапс, како и нашите анализи за цените и количините грозје од годинешната берба. Сите овие проблеми ги предвидовме и согласно на тоа предложивме мерки кои детално се објаснети во дописите кои беа доставувани до поранешниот министер Димковски. За жал за овие наши немаше слух од ресорното министерство, ниту од министерството за финансии, иако сите останати земји спроведоа мерки за спас на нивниот вински сектор уште во мај“, стои во реакцијата на винаријата.
Во предлозите за спас на винариите сопствениците предложиле, неколку конкретни мерки за помош кон спасување на овој сектор. Винариите предложиле, ограничување на родот преку зелена резидба со што државата ќе овозможеше директна помош на лозарите.
– Опции за решавање на вишоците преку дестилат.
– Да се обезбедат поволни кредити за да може да се обврзат за откупување на поголеми количини.
– Поддршка за извозот на вино за да може да се постигне конкурентна цена на светските пазари и да се исчистат залихите.
– Да се даде повторно поддршка на лозарите, а не на винарниците.
Но за жал за сето ова било запознаено ресорното министерство но не покажало слух за проблемите и ниту дало конкретен одговор и чекори. Иако винариите цело време барале начин и биле отворени за дијалог, но другата страна не изнашла начин за да го реши постоечкиот проблем. Сопствениците на винариите велат дека Владата мораше да направи конкретни чекори и да најде средства за спас на оваа гранка од економијата.
На последниот состанок сопствениците на винариите со премиерот на 27.08.2020 ги презентирале своите предлог мерки за кои здружението „Вина од Македонија“ има направено дополнителна анализа и пратило одговор до владата и надлежните министри во договорениот рок. На овој допис за жал се уште нема одговор, а предлог мерките се уште не се официјално објавени од владата и не се конкретни.
Поради тоа сопствениците на винариите се надеваат дека државата, како што најави, во рамки на својата политика за поддршка на земјоделството, ќе обезбеди соодветни субвенции за лозарите и поддршка за индустријата, со што ќе се ублажат негативните последици што ги предизвика актуелната криза врз целокупната македонска винска индустрија и лозарството. На крај може да се увиди дека поради неспособноста на власта не се оштетени само лозарите туку и винариите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.