Политичките парти денеска со одлука во Собрание – Законот за трговија на зелени пазари го одложија за една година – неговата примена се стави под мораториум. За нови законски решенија допрва ќе се одлучува во консултација со сите засегнати страни – истакнаа од коалицијата на владеачката СДСМ на чело со ДУИ и ЛДП. Потенцираа дека направена е грешка за која допрва ќе ја поправаат, сметаат дека лиценците се непотребни и се дополнителен трошок на пазарџиите.

Главниот предлагач на Законот за трговија на зелени пазари, Ејуп Алими којшто се донесе во скратена постапка, на новинарски прашања дали смета дека ваквата одлука е задоцнета со оглед на тоа дека законот е пред свршен чин, одби да одговори на македонски јазик. Освен Алими, предлагачи на спорниот закон беа Артан Груби, Весел Мемеди и сегашниот градоначалник на Скопје кој од позиција на пратеник беше дел од групата на предлагачи. Шилегов сега вели дека за прашањата зошто бил предложен ваков закон одговорот да се бара на друго место.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара целосно укинување на законот за трговија на зелени пазари. Пазарџиите пак остануваат на ставот дека бараат целосно укинување на законот, a не пролонгирање. Оние кои веќе платиле за лиценците, а според првиот човек на Комората на трговци тоа се околу 50 пазарџии, СДСМ најави дека ќе ги обештети, но нема објаснување како. Министерот за економија Крешник Бектеши, најави дека за новите законски решенија ќе има јавна расправа. Од Групацијата на пазари при стопанската комора, законот го оспоруваа бидејќи со него не се дозволуваше пенизонери и приматели на социјална помош да продаават на зелените пазари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.