Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за ноември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до утре да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.

На деловните банки Владата им препорача да обезбедат пензионерите од 26 ноември да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26 ноември – четврток, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27 ноември – петок, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30 ноември – понеделник, и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 1 декември – вторник, соопшти Владата.

На денешната седница е усвоена и Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.