Во време кога образованието е колабирано и кога државата треба да одвојува поголема сума на пари со цел да го подобри, таа одвојува минорни суми. Со буџетот за 2021 година за Министерството за образование и наука, предвидени се средства од само 0.1 посто од македонскиот буџет.

Владата на Зоран Заев продолжува со кратење пари во образованието. Покрај тоа што оваа година образованието беше една од гранките во кои имаше најмногу кратење на буџетски средства, исто така и со буџетот за идната година предвидени се само 0,1%.

Нашиот образовен систем веќе ја губи смислата на неговото постоење, затоа што место да продуцира едуцирани, образовани и воспитани генерации, образование кај нас, на голема жалост, произведува неписмени генерации.
Ова особено дојде до израз последниве две години, за што реагираа и самите наставници дека имаат ученици во од второ до петто одделение кои имаат потешкотии во читањето и пишувањето или пак воопшто не умеат. И кога ситуацијата е ваква каква што е, власта место да вложува што повеќе средства со цел да го подобри условите, да ги мотивира наставниците, па и учениците со цел образованието да се крене на повисоко ниво, тие кратат пари од него.
Гломазен и нереален буџет од над 4 милијарди евра, пари кои се фрлаат низ ветар. Додека Владата одвојува 0,1 процент за реформи во образованието, 20 % имаме за непродуктивни трошоци како патувања, и ручеци по кафеани.
Не е познато каде ќе одат и 347 милиони евра кои Владата треба да ги потроши за стоки и услуги и зошто истите не се во капитални расходи, туку се во дискрециски трошења на генералниот секретар на Владата.

„За стоки и услуги најматната категорија од Буџетот, со овој Буџет се проектирани на историски највисоко ниво во историјата на Македонија од 347 милиони евра, што е повеќе за 55 милиони евра споредбено со 2020 година, и некаде 83 милиони евра повеќе споредбено со 2009-та кризна година и повеќе од 120 милиони евра споредбено со 2011 година, исто така кризна година“, рече Николоски.

Се поставува прашањето колку може да се зборува за реформа во образованието кога за наука се одвоени само 0,1 процент од Буџетот? И за какви реформи зборува Владата кога Универзитетите во Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот. Колку може да се спроведат рефоми во образованието кога се уште ветувањата за студенски град, и реновирања на студенски домови не се исполнети?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.