Владата на денешната 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво.
Дополнително, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.
На истата седница, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спогодба за соработка помеѓу Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа на Република Србија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија во областа на дигиталната трансформација и го овласти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски да ја потпише Спогодбата помеѓу Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа на Република Србија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија во областа на дигиталната трансформација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.