Владата денеска на седница прифати Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка, со кој се предвидува со денот на негово влегување во сила да престане да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Предложените измени се со цел да се продолжи со примена на новиот начин на пресметување на акцизата за одредени енергенти во зависност од движењето на малопродажната цена на соодветниот енергент на светските берзи и истовремено ќе се овозможи и понатаму да се користи и механизмот кој овозможува постепено враќање на постојните износи на акциза во услови на нормализирање на цените на пазарот на нафтени деривати, а кои се веќе воспоставени со донесувањето на Уредбата со законска сила, информира владината прес-служба.
Дополнително, со измените се предлагаат одредби кои се во насока на доработување, појаснување и прецизирање на одредбите од Законот за акцизите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.