Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовираше бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, како дел од шестиот пакет антикризни мерки. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека бомбастично се најавуваат нови мерки иако ефектите се лоши.
Власта по правило бомбастично претставува мерки, а реализацијата и ефектот се лоши. Поради необмисленоста и задоцнетите мерки во пандемијата ниту третина од предвидените средства не завршија во реалниот сектор. Затоа Македонија има 6200 затворени компании и 60 илјади новоневработени за само една година, а во исто време долгот достигна неверојатни 7 милијарди евра, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
-Впрочем имаме пад на БДП во првиот квартал од 2021, за разлика од Албанија, Косово и Србија кои бележат значителен раст. Поради неспособната власт не трошењето на буџетските пари, народот сега ќе го оптеретуваат со зелена такса од 4 денари по литар гориво и нов зелен данок, кои не се ништо друго освен кризни даноци кои ќе го уништат стандардот и стопанството. Дополнително ја покачија и електричната енергија за 12%, што е второ покачување за една година, кое кумулативно изнесува 20%. Да биде потрагично намалувањето на ДДв за електричната енергија не го следи навремено покачувањето, што преставува уште поголем удар за граѓаните.
Велат со други зборови, владата презентира мерки, а истовремено го исцицува народот со поскапувања, нови такси и даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.