Владата сака да го земе управувањето со Попова Шапка под своја надлежност. Сега со ски центарот управува „Елем Турс“, фирмата-ќерка на АД ЕСМ.
Владата информира дека на седница ја разгледала и усвоила Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста „Елем Турс“ да се одвои од АД Електрани на Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата.
Во иницијативата учествуваат Министерството за економија, „Елем Турс“ Скопје, Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Општина Тетово, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка” – велат од Владата.
Главна цел за покревање на иницијативата е сите засегнати страни да ги разгледаат можностите, со цел да креираат модерен, високо квалитетен скијачки центар, што ќе биде од национално и меѓународно значење и максимална грижа за постигнување рамнотежа помеѓу природните еко-системи и природните убавини на Шар Планина, велат од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.