Обезбедивме еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани, за чија реализација очекуваме да бидат ангажирани повеќе од 100 компании како организатори и подизведувачи и изнајмувачи на техника, но и ангажман на изведувачи, уметници, музичари, артисти, со цел да се поддржат компаниите да продолжат да работат, изјави вицепремиерот во Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Според него, клучни критериуми се ангажирање исклучиво домашни артисти и изведувачи, за во целост да се поддржи домашната сцена и настаните да се на тема од висок јавен интерес како јубилејот 30 години независност на државата и 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Јвниот повик е во финална фаза и се очекува да биде објавен во следните две недели.
Тој ќе биде отворен до почетокот на месец мај, после што ќе бидат обезбедени грантови за апликантите кои ќе ги исполнат условите, а од месец јуни па до крајот на септември очекуваме реализација на десетици настани и моќно културно лето со работен наслов „30 години Независност” – рече Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.