Владата повторно планира да зема од сиромашните за да го покрива расипништвото и неспособноста на функционерите на Зоран Заев, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.
На СДСМ не им е доволно што ги оставија граѓаните и компаниите на цедило во време на пандемија сега дополнително сакаат да удрат по и онака празните џебови со покачување од 2 денари на акцизата. Стопанството е на помошни апарати, работниците се соочуваат со отпуштања, на државата и се заканува економска рецесија, а во такви услови власта реши дополнително да ги оптовари граѓаните со нови давачки. Ваквата мерка ќе се одрази на патниот транспорт и зголемување на цените што ќе резултира со намалување и на онака уништените семејни буџети. Така еден повратен билет Скопје – Берово кој чини 730 ќе се порасне над 800 денари, што значи во просек покачување од 70 денари, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци.
Истото ќе се случува и со другите меѓуградски релации и ваквото покачување ќе го почувствуваат сите граѓани и компании. Власта единствено носи мерки за да им земе пари на граѓаните и да го полни буџетот кој СДСМ го испразни. Македонија со ваква власт единствено ја чека хаос и рецесија, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.