Владата отиде до крај со одлучноста – не им помога на тутунарите, само ги лаже и покрај бројните протести и молби на тутунарите за да се реши нивниот проблем, Владата остана одлучна до крај да не им помогне, а министерот за земјоделие до крај си остана доследен на изјавата која ја даде уште на почетокот на откупот дека треба да се излезе од концептот дека државата треба секогаш да интервенира таму каде што има проблеми при купувањето.

Тој и на последната средба со тутунарите им го повтори истото дека државата нема да интервенира со субвенции за да се ублажат загубите на тутунопроизводителите на кои годинава при откупот на тутунот им се случуваше буквално кражба, а Владата не направи ништо за да ги заштити.

Ова јасно покажува за тоа каква е улогата на оваа влада за олеснување на животот на граѓаните и посебно на земјоделците кои ги остави на цедило.

Низ целата држава откупот на тутун и понатаму се врши по ектремно ниски цени, за класа до две подолу од тоа што реално е и со високи одбитоци, но во струмичко ситуацијата е уште полоша со тоа што сѐ уште има тутунари кои не биле во можност да продадат ниту еден килограм тутун и не земале ниту еден денар бидејки компанијата со која склучиле договор воопшто не започна да врши откуп.

И покрај тоа што тутунарите навремено алармираа за ваквата состојба, Владата остана само нем набљудувач на случувањата и во ниту еден момент со ништо не придонесе за да им помогне.

Тие се жалеа дека и од тоа малку што било навидум договорено на неуспешните средби со министерот за земјоделие Арјанит Хоџа и со премиерот Зоран Заев, ништо не се спроведува на терен.

Владата не им го исполни на тутунарите ниту барањето за кое уште лани организираа блокади па со новиот Закон за тутун дозволи увоз на тутун кој се плаќаше поскапо од цената по која се откупува домашниот тутун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.