Владата на Република Македонија на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка, соопшти владината прес служба.

Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.