По повод информација за поднесената иницијатива на Државната комисија за
спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност
на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и
координација со економските ресори, на денешната седница е утврден
одговорот на Владата кој ќе биде испратен до ДКСК.
Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за
укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори
била повлечена од 29-тата седница на Владата на 26 септември и повторно
била вратена на усвојување на 36-тата седница на 7 ноември, откако во
меѓувреме заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски
прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев со писмен
поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување
на предлог-одлуката.
Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека
членовите на Владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните
поединечни овластувања се контролирани од Владата како колективен орган,
согласно Уставот и Законот за Влада, и дека во овој случај не е утврдена
повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на
интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.