По неколку денa проблеми и доцнење на сајтот „Купувам домашно“ конечно осамна листата со граѓани на кои им следуваат по 6 илјади денари помош како антикризна владина мерка. Владата по неколу дена конечно ги објави листите на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош од 6. 000 денари.

Но, и овојапат како и со претходните пакет мерки граѓаните со бурни реакции за хаосот со списоците за тоа на кој му следува и кој треба да добие помош. На списоците се уште ги нема самохраните родители, филмските и естрадни уметници, иако им беше ветувана финансиска помош.

Граѓаните со критики поради тоа што многумина кои сметат дека треба да добијат помош ги нема на листите. Дел од граѓаните велат дека помошта доцни, но сепак додаваат дека во оваа криза секој денар е добредојден и се надеваат и чекаат парите да им бидат префрлени. За оваа мерка државата одвои 27 милиони евра.

Според првичните информации околу 300 илјади граѓани треба да добијат по шест илјади денари за пазарење на домашни производи. Граѓаните пак кои сметаат дека ги исполнуваат условите, но ги нема на листата, до денес треба да поднесат приговор на веб страната со внесување на личните податоци и бројот на трансакција. Потоа во рок од неколку дена ќе добијат повратен одговор дали навистина им следува помошта.

Со овој пакет помош, по 6. 000 денари им следуваат на пасивните баратели на работа, потоа пензиониерите со месечни пензии до 15 илјади денари, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, младите од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.