Денеска преку закажана аукција на државни записи Владата на Заев ќе ги задолжи граѓаните за нови 42 милиони евра наменети за враќање на стари долгови, додека во исто време за непродуктивни трошења и набавка на нови службени возила троши над 8 милиони евра, реагираат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика, соопштуваат од партијата.
Велат дека нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден.
Од партијата преку соопштение реагираат дека платежната картичка која Заев ја ветува е замачкување очи на граѓаните, кои за само еден месец добија поскапа струја и пропадната банка, каде има илјадници оштетени, и десетина илјади не можеа да добијат навреме пензија и социјална помош.
Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Во Македонија денес имаме над 40 илјади невработени, историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.