Претседателот на Владата Зоран Заев, и министрите Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски ги сумираа остварувањата на Владата во двегодишното раководење со државата.
Во “Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ на МРТВ Заев истакна дека Владата со силно темпо ги остварува економските резултати кои ја релаксираат ситуацијата дома.
Со растот на БДП од 4,1% се создава трендот кој ќе го овозможи покачувањето на пензиите и по овој основ, а намалувањето на невработеноста од 22,6% на 17,8%, води кон остварување на целта, стапката на сиромаштија да биде под 16 проценти, истакна премиерот Заев и додаде дека со растот на приходите и со растот економијата, ќе продолжи враќањето на парите кон социјално ранливите категориии, со што се создава нов силен потенцијал за равој на општеството.
Тоа е силен показател дека се создава амбиент за стабилна борба против сиромаштијата, во која влегуваме сеопфатно, рече министерката за труд и социјална политика Царовска.
Поентата на социјалната реформа е да ги внесе најранливите во системот и да им обезбеди шанса за пазарот на трудот. Спроведуваме социјална реформа која концептуално го трансформира општеството зашто во неа има фактори за економски, и човечки потенцијал, за развој на нашата држава, нагласи Царовска.
Министерот за здравство Венко Филипче ги презентираше најважните остварувања во делот на квалитетни здравствени услуги и за изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката, за достојни плати.
Промените создаваат систем за да запре одлевањето на парите на граѓаните кон странските здравствени системи. За прв пат воведовме каталог на ретките болести со протоколи за нивно третирање, и обезбедивме посебен, најголем дел од буџетот на министерството за обезбедување лекови за лицата со ретки болести. Зголемени се платите на здравствените работници, и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. За прв пат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, а со измената на законот за здравствена заштита, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавно здравство, рече министерот Филипче.
Воведовме револуционерен чекор во изборот на високата раководна служба за деполитизација на јавните администрација, што е само еден чекор од многуте системски промени за поефикасна јавна администрација, рече министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.
Дигитализацијата се спроведува интензивно како најдобра алатка за приближување на услугите до граѓаните. После Скопје, центрите „Една точка за услуги“ за исполнување на административните потреби на граѓаните и ќе бидат отворени и во Куманово, Тетово и Охрид. Со Националниот портал за електронски услуги кон граѓаните ќе ги доведеме сервисите најблиску до граѓаните, преку нивните мобилни уреди. Тоа е нашата цел“, потенцираше Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.