Владата купува струја за 210 евра од мегават, а може да ја произведува 4 пати поевтино.
5.5 милиони евра колку што изнесува набавката на 26.000 мегавати струја се пари, со кои доколку се употребеа за домашно производство ќе се произведеше 4 пати повеќе струја или над 100.000 мегавати, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.Владата наместо како сега да дава 5.5 милиони евра за купување на екстремно скапа струја, можеше истите овие пари на време да ги инвестира во РЕК,да се наполни депонијата со јаглен и да произведува струја од домашни капацитети. Но наместо инвестиции во РЕК, власта тераше тендери со РЕК. Сега на прагот на зимата јаглен на депонијата има само за два три дена.
Ваквото расипништво на власта е пример како не треба да се управува со енергетските ресурси на државата.
Оваа влада нема капацитет да се справи со енергетската криза, во која сами не втурнаа, потребни се промени, ВМРО-ДПМНЕ знае како да ја извлече државата од енергетски колапс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.