Владата набавува апетисани во вредност од 450.000 денари односно околу 7.500 евра. На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на апетисани.

Како што може да се забележи во тендерската документација, ќе се набавуваат по 180 килограми бадеми и лешници, 150 килограми индиски ореви како и 100 килограми ф`стаци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.