Владата ќе дава пари на печатените медиуми за печатење и дистрибуција. Денеска е донесена Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми. Од владата велат дека програмата е во насока на заштита на плурализмот од областа на медиумите.
Програмата за поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми предвидува поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина до 50% за направените трошоци за печатење и во висина до 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина не помалку од 50%, но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и во висина не помалку од 50% но не повеќе од 70% за трошоци за дистрибуција, согласно доставените фактури за календарската 2020 година – стои во соопштението испратено од владината прес служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.