Владата информира дека на синоќешната седница е утврден текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу РепубликаМакедонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Инаку станува збор за сума од точно 49.743.119 евра од Договорот за концесија склучен во 2008 година. За промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор.

Со анексот практично е ставена во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.