Членовите на Владата заедно со министрите на економските ресори подетално го претставија Интервентниот план за инвестиции 2021-2026 година, со цел поставување постулати за брз и ефикасен излез од здравствено-економската криза, информира владината Прес-служба.

– Беше заклучено дека инвестициските проекти ќе влијаат значително на растот на Бруто домашниот производ, обезбедување поголем број работни места и зголемен извоз и севкупен економски развој и напредок. Проектите ќе бидат презентирани пред граѓаните и медиумите во текот на деновите кои следат, се додава во соопштението од владината седница.

Покрај ова, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да го повлече Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните од собраниска процедура, заради искажаната потреба од доусогласување на текстот на барање на повеќе кинолошки друштва и расни клубови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.