Владата прифати 18 амандмани за измени и дополнувања на Предлог-буџетот за 2021, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2021 година да биде доставен во Собранието на усвојување.
Како што е соопштено Уставен суд ќе добие дополнителни средства во износ од 9 милиони денари за плати и надоместоци, додека јавниот радиодифузен сервис ќе добие дополнителни средства за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој.
Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија за 2021 – 2023, со дополненија до 2025 година, во која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.
Владата ја разгледана и усвои и Стратегијата за управување со јавниот долг за 2021-2023 година, со дополненија уште за две години до 2025 година. Со Стратегијата се утврдува висината на јавниот долг на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година во која се однесува стратегијата, максималниот износ на ново издадени државни гаранции во првата година за која се однесува стратегијата и структурата на државниот долг.
Целите на политиката за управување со јавниот долг коишто се утврдени со Законот за јавен долг се: финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок и со одржливо ниво на ризик; идентификација, следење и управување со ризиците на кои подлежи портфолиото на јавниот долг и развој и одржување на ефикасен домашен финансиски пазар. Остварувањето на овие цели ќе се реализира преку дефинирање на краткорочни и среднорочни лимити на одредени индикатори на должничкото портфолио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.