На вечерашната седница Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија за забрана за зголемување на цените на продуките од страна на трговците.
Оваа одлука на својот Фејсбук профил ја објави Министерот за економија, Крешник Бектеши кој исто така напиша дека од утре следуваат високи казни за сите оние кои ќе се обидат да им наштетат на граѓаните, а ќе бидат вклучени и кривични пријави.
Тој ги повика граѓаните да ги пријават сите зголемувања на цените на бројот 02 3220-547.
Според информациите забрането е да се менува цената на лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните произвои, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и средствата за дезинфицирање.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден за кога министерот Бектеши закажа средба со сопствениците на сите супермаркети во нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.