Што ветуваше Владата на СДСМ, а штооствари од ветеното? На оваа тема вечерва говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој од бината во Кавадарци за време митингот кој е дел од кампањата за претседателските избори закажани за 21 април годинава се осврна на премиите кои СДСМ ги ветуваше во предизборието, за наводното покачување на пензиите.
Мицкоски нагласи:
Се сеќавате овде во Кавадарци велеа дека само што не го решиле проблемот со загарантиран откуп на производите, со грозјето, па доаѓаа па ветуваа денар премија па ветуваа уште нешто. Па не можело во февруари, па во април, па не можело во април, па дојде сега март, па што се случи да го видиме сега тој млад господин на кој што единствена задача му е да го удоволи неговиот шеф да ни каже на телевизија дека бил во Дубаи да се поднови со нови патики.
Е тоа е болната вистина додека луѓето крварат и мака мачат како први со први да скрпат, тие шопингуваат во Дубаи или скијаат во Гармишпартенкирхем или затвараат цели скијачки патеки за да можат господата со моторите да се провозат. Или пак кога тоа не го прават управуваат со нивните скапи возила Мајбах, Бентли, Мерцедес или што ли уште не. Е и тоа е неправда.
Вчера бев во Ресен, луѓето солзи ронат, ги сечат со пила стеблата што род им носат, а тој род им е потребен да ги прехранат своите семејства. Зошто тоа го прават? Затоа што еден денар е килограм јаболко, еден денар. Истото беше и во Малешевијата и Пијанец, истата работа кога ги истураа сливите. Исто беше и во Росоман со праските, исто беше и во Струмичко со патлиџаните и пиперките, и бостанот, точно. Исто е денеска и во Пелагонија траорно необрана е, исто е и овде во Кавадарци, исто е и во Неготино, исто е и во Тиквешијата.
Во Кочани оризот остана на нивите, а ветуваа загарантиран откуп, стумулација, ветуваа поголеми субвенции, а што донесоа, чемер и јад. Е тоа е неправда. Затоа добри луѓе, затоа браќа и сестри нас ни треба победа на 21 април, ни треба потврда на таа победа на 5 мај. Затоа ни се потребни овие работи. Ветуваа поголеми пензии за пензионерите, еве на први април стигна пензијата, не само што нема и ги намалија, а зошто ги намалија,за да има повеќе пари, да вртат тендерите во четири очи, видете ги камионите во РЕГ Битола на Вице. Тоа е суровата вистина во Република Македонија за жал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.