Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека целта на воведувањето на цената од 15 денари за кесите за пазарење не е да се собираат пари од граѓаните, туку да се мотивираат граѓаните да не земаат кеси со што ќе се променат навиките за почиста околина.
Нуредини објаснува дека според сегашните стандарди биоразградливите кеси ќе може да се произведуваат до 1 јуни 2023 година, а потоа и за нив ќе има повисоки стандарди.
Експертите го поздравуваат исфрлањето од употреба на пластичните кеси, но сметаат дека е неопходно и институциите да преземат конкретни чекори на терен во врска со управувањето со отпадот.
Позитивни се реакциите и од граѓанското здружение Еко-свест, кои сметаат дека отфрлањето од употреба на пластичните кеси на долг рок ќе резултира со помалку отпад и намалување на загадувањето на околината. Но, од здружението очекуваат и други мерки во насока на максимално избегнување на пластиката за еднократна употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.