Независната угостителска комора (НУК) за сите угостители изготви посебен регистер, на кој угостителите можат бесплатно да се регистрираат и да пријават прослави, соопштуваат од НУК. Тој е објавен на 1 јуни во Службен Весник број, како Прилог бр. 78. Велат дека се прави додека Владата и другите институции не изнајдат или објават дополнителни законски решенија или промена на протоколите за прослави и свадби. Инаку има потреба за регистрација и пријава на сите прослави кои ги организираат во своите објекти според барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби кои ги усвои Владата
Целта е да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава, како и да се евидентираат и разликуваат присутните, кои не се гости, а се ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Со пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од ДПИ, заради непочитување на точка 7 од протоколите.
За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите ќе добијат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во „угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби”.
Од НУК соопштуваат дека, само за овој викенд, од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од 100-тина свадби, веселби, родендени и останати прослави.
Овде е образец – пријава за регистрација на прослави со која угостителите може да ги пријават своите угостителски објекти во регистарот за организација на прослави што го води за своите членки и сите останати угостители и угостителски објекти.
„Истовремено со оваа пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат заради непочитување на точка 7 од овие протоколи, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.