И Виенскиот институт за економски студии ги скрши розевите очила на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека според студијата 4 квартал нема раст, дефицитот е зголемен, а капитални инвестиции нема.
Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне. Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад, велат во партиското соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е во рецесија, велат тие, додавајќи дека со политиките на Заев излезот е сè потежок.
А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок. Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34%w под планот. Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал.
Време е за сериозни политики и одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.