Третиот пакет на економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и повилни кредити преку Развојната банка на РСМ, вели во видеообраќањето генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Ја зголемивме поддршката и за субвенционирање на трошоци за зелена нафта за механизација, односно ако минатата година ги покривавме трошоците до 30%, оваа година таа поддршка е зголемена до 50%. Тоа се 5 милиони евра за 50.000 земјоделци преку оваа мерка.

Обезбедивме 50 милиони евра преку кредит на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство, односно 50 милиони евра за модернизација на постојни и изградба на нови модерни откупно-дистрибутивни центри во повеќе региони во државата, кадешто е најголемо замјоделското производство.

Го ставаме во функција целокупното обработиливо земјоделско земјиште и тоа преку окрупнување, но и преку можност за продажба. Тоа значи сигурност за земјоделците и агро-бизнисмените и нови инвестиции во земјоделството. 500.000 хектари пасишта ги ставаме во функција на сточарството, преку можност за склучување на договори за долгорочен закуп на пасиштата, вели Николовски.

Додава дека имаат и нова мерка за поддршка и развој на малите семејни фарми и на малите винарии, преку грантови од 10.000 евра.

Почитувани граѓани, ние продолжуваме со безрезервна поддршка на македонското земјоделство и на македонските земјоделци.

Тоа значи силна поддршка за стабилизирање и раст на македонската економија, вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.