Двете најголеми фирми на братот и братучедот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев и Трајче Заев, должат повеќе од 400 илјади евра на државата, според црната листа на должници објавена од Управата за јавни приходи на Македонија.
Фирмата „Дравас Инжинеринг“ на Вице Заев должи 16.944.150 денари и тоа по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и по основ на персонален данок на доход.
Фирмата „Еленица“, која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9.959.869 денари по основ на данок на додадена вредност, како и по основ на данок на добивка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.