Вниманието и поддршката кон домашниот бизнис ќе биде наш приоритет, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Охрид каде посетата ја продолжи во произвоствен погон во Охрид со околу 50 вработени, фабрика која се занимава со изработка на метални делови и лиење на делови од пластика и изработка на филтри.

Ветивме отвореност кон малите и средни претпријатија кои се моторот на македонската економија со извозот кој што го прават. Ќе направиме поволна бизнис клима, ниски даноци, скратени процедури, подобри и поволни услови за нивно проширување и зголемување на капацитетите. Економијата и технолошкиот развој ќе бидат нашиот приоритет. Македонија мора да се развива, и да понуди шанса на секого, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.