Ги враќаме парите назад кај граѓаните, преку Мој ДДВ вратени над 36 милиони евра кон околу 400.000 граѓани за две години. Со СДСМ враќањето на парите кај граѓаните е реалност, животниот стандард и достоинството постојано се зголемува, а домашните компании добиваат помош и поддршка. Со СДСМ довербата кај граѓаните во институциите се враќа, бидејќи ние се бориме против сивата економија. Управата за јавни приходи преку проектот Мој ДДВ, како дел од ДДВ искажано во фискални сметки, во изминатитве две години на 399.000 корисници им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра.
Вака изгледа соопштението што го објави СДСМ и кое на прв поглед прикажува бројки, погледнати во целост изгледаат како многу пари. Но, зад тие бројки се крие доста „весела математика“.
36,3 милиони евра поделени на 400.000 граѓани даваат податок дека, во просек, секој од тие граѓани за две години инкасирал 90,75 евра.
Ако се земе дека две години имаат 24 месеци, тоа значи дека 90,75 евра поделени на 24 месеци даваат дека секој од тие 400.000 граѓани, кој скенирал сметки, месечно добивал сума од 3,78 евра, односно нешто повеќе од 232 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.