Министерот за финансии велеше дека ќе има поврат на ДДВ од 15% и каде се тие 15%? Дали се предвидени во буџетот за мерката поврат на ДДВ, запраша Трајко Вељаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавањето на седницата во Собранието на Република Македонија.

Вељаноски посочи дека на едно пратеничко прашање овде премиерот рече– „Да точно го ветивме тоа. Но сега имаме пилот проект. Пилот проектот ќе биде во 2019 година во јуни месец. Ако се покаже добар ќе го спроведеме во 2020 година“. Ќе ви заврши мандатот во 2020 година. А, вие тогаш викавте дека одма ќе го воведете и тоа за првите 100 дена.

Тогаш СДСМ викаше дека ќе овозможи 30.000 денари просечна плата. Две ипол години поминаа просечната плата е толку колку што е. Не е предвидено во буџетот просечната плата да биде 30.000 денари. Значи ништо што е ветено не е исполнето, потенцираше Вељаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.