Не само поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски туки и други поранешни функционери и многу професори се дел од иницијативата „За татковината со љубов“.

За нив двајца вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи на Телма не потврди директно, но на прашањето конкретното прашање тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината, рече Битиќи.

Порталот „Фактор“  објавува дека и други луѓе влегоа во иницијативата освен Пешевски и Миновски. Меѓу нив е и Веле Самак, поранешен министер без ресор во Владата со која раководеше Никола Груевски и тоа во времето од 2006 до 2017 година, но и Никола Поповски поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ. Дел од иницијативата ќе биде и Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.